«

»

Jun 30

ОТВОРЕНО “КУЛТУРНО-ЗАБАВНО ЛЕТО НОВАЦИ 2019”

Со фантастичен концерт на популарната Сузана Гавазова и учесникот на звездите на Гранд Ален Хасанович придружувани од реномираната музичка група Молика Оне Бенд започна Културно-забавно Лето Новаци 2019 манифестација која по 7-ми пат се одржува во општина Новаци во организација на ПИКСИ СТУДИО а во покровителство на локалната самоуправа и градоначалникот Љубе Кузманоски.
Отворањето го проследија околу 1000 посетители од сите каришта од пелагонискиот регион а специјални гости беа градоначалници од пелагонискиот регион , претставници од руската амбасада ,како и градоначалникот на збратимената општина Дуги Рат .Дворот на општината беше претесен за љубителите на убавата македонска песна .
Градоначалникот Кузманоски со пригоден говор официјално го прогласи Културно-забавно Лето Новаци 2019 за отворено .
При своето обраќање градоначалникот го истакна значењето на една ваква манифестација која значи не само збогатување на културно забавниот живот на сите генерации на граѓани туку и збогатување на туристичката понуда на о. Новаци што ќе придонесе за рамномерен локален културен развој.
Во претстојниот летен период во месец Јули и Август општина Новаци ќе доживее вистинска културна експанзија со културни настани во повеќе населени места дури во поодалечените населени места од централното подрачје .
Организаторот се подруди во дослух со граѓаните на општина Новаци да создаде квалитетна програмска содржина со настани кои ќе бидат максимално посети и во кои многубројната публика ќе ужива во престојниот летен период .
Следува вториот нстан од програмската содржина на Културно-забавно Лето Новаци 2019 а тоа е Хумористичната театарска претстава ТАА РЕЧЕ ДА ! во изведба на популарните и неповторливи СОЛЗА И СМЕА на 07.07.2019 г локација -Двор на општината од 21 ч .

Ве очекуваме во голем број на доза хумор

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php