Monthly Archive: June 2019

Jun 30

ОТВОРЕНО “КУЛТУРНО-ЗАБАВНО ЛЕТО НОВАЦИ 2019”

Со фантастичен концерт на популарната Сузана Гавазова и учесникот на звездите на Гранд Ален Хасанович придружувани од реномираната музичка група Молика Оне Бенд започна Културно-забавно Лето Новаци 2019 манифестација која по 7-ми пат се одржува во општина Новаци во организација на ПИКСИ СТУДИО а во покровителство на локалната самоуправа и градоначалникот Љубе Кузманоски. Отворањето го …

Continue reading »

Jun 29

Градоначалникот Кузманоски на прослава на Денот на независноста на Р.Хрватска

На покана на Хрватскиот културен центар “Марко Марулич” од Битола ,градоначалникот Љубе Кузманоски присуствуваше на свеченоста по повод Денот на државноста на Р.Хрватска во Битола. Градиме цврсти мостови на пријателство и соработка.Р.Хрватска останува наш силен поддржувач за евроатланска интеграција

Jun 27

Започнува културно забавно лето 2019 во Новаци

  „Културно забавно лето Новаци 2019“ ја збогатува културната и туристичка понуда на Општина Новаци, вели градоначалникот Кузманоски Десетина настани распределени од 27 јуни до 21 август се подготвени за овогодинешното издание на Културно-забавното лето Новаци 2019.

Jun 23

Заврши Меморијалниот турнир „Пеце Матичевски“ во Новаци

Со победата на екипата НИКС од Битола и освоеното прво место по дваесеттина дена фер игра се затвори 6-от по ред Меморијален турнир Пеце Матичевски . Градоначалникот Љубе Кузманоски ги додели пехарите за освоеното I , II , III место како и за најдобар голман и најдобар стрелец . I место освои екипата НИКС од …

Continue reading »

Jun 19

Општина Новаци е дел од „Градината на мирот“ во збратимената општина Коломбел во Франција

  На покана на градоначалникот Марк Потје од збратимената општина Коломбел од Р.Франција, делегација од Oпштина Новаци предводена од градоначалникот Љубе Кузманоски и ученици од ООУ „Славко Лумбарковски“  престојуваше  во официјална посета на општина Коломбел.

Jun 13

Советот на општина Новаци  ја  одржа 30-та седница

Советот на општина Новаци ја одржа 30-та седница на која се најдоа околу 35 точки на дневен ред. По усвојувањето на записникот од 29-та седница  ,советниците од Советот на општина Новаци  расправаа по 35 точки  од  дневниот ред

Jun 12

Јавен повик за учество на Културно – Забавно Лето Новаци 2019

Почитувани, јавниот повик за учество на Културно – Забавно Лето Новаци 2019 можете да го најдете ТУКА. Апликацијата за учество пак, можете да ја симнете од ТУКА.

Jun 10

Во Старавина камп за обука за пожари на отворен простор

Мариовско Старавина веќе втора година е центар на организација на кампот за обука на тимовите на општинските сили за одговор на пожари на отворен простор со завршна вежба која денеска се одржа во организација на Планинарско Горскоспасително друштво АВА КОТА 1050 Новаци како главен организатор и Дирекцијата за заштита и спасување како координатор. Градоначалникот Љубе …

Continue reading »

Jun 10

Јавен Повик

Се известуваат сите заинтересирани млади лица, невладини организации, здруженија на млади, ученички совети, студенстски совети и регистрирани облици на организирање на младите кои сакаат активно да даваат предлози, мислења, да соработуваат со Советот на општина Новаци, активно да се вклучат во јавниот живот на општината. Повикот можете да го најдете ТУКА.

Jun 06

ЗАПОЧНА 6-ОТ ПО РЕД МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ “ПЕЦЕ МАТИЧЕВСКИ” ВО НОВАЦИ

Градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузманоски вечерва свечено го отвори 6-от по ред Меморијален турнир во мал фудбал “Пеце Матичевски ” кој во наредните 20-тина дена ќе се одржува во повеќенаменското игралиште во Новаци .

Older posts «

css.php