«

»

May 02

Општина Новаци со нови проекти на трите мерки од повикот на АФПЗРР

Општина Новаци доби финансиска поддршка од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој по јавниот повик со кој општина Новаци имаше аплицирано за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка во руралниот развој .
Финансиската поддршка е во следните мерки:

Мерка 321-(Подобрување на квалитетот на живот во рурални средини) .
По оваа мерка за општина Новаци се одобрени средства за РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЛОКАЛЕН ПАТ ДО НАСЕЛЕНО МЕСТО С. ТЕПАВЦИ чија реконструкција ќе биде реализирана во 2019 г.

Мерка 322 -(Обнова и развој на селата).
По оваа мерка за општина Новаци се одобрени средства за ИЗРАБОТКА НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ ЗА НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА С. НОВАЦИ , С. РИБАРЦИ , С.ЖИВОЈНО . С. БУДИМИРЦИ , С.ГРАДЕШНИЦА И С. ГЕРМИЈАН чија изработка ќе биде реализирана во 2019 г .

Мерка 323 -(Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја) .
По оваа мерка за општина Новаци се одобрени средства за ИЗГРАДБА НА ЛОКАЛЕН ПАТ Р511 -КРСТОСНИЦА С. СТАРАВИНА -С.БУДИМИРЦИ ДО МАНАСТИР СВ.АТАНАС С. СТАРАВИНА чија изградба ќе биде реализирана во 2019 г.

Како локална самоуправа се залагаме за подобрување на квалитетот на живот во секое населено место со цел подобар и поквалитет живот на секој граѓанин .

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php