«

»

Apr 30

Советот на општина Новаци ја одржа 28-та седница

Советот на општина Новаци ја одржа 28-та седница на која беа разгледани и усвоени 20-тина точки од дневниот ред .
Седницата започна со разгледување и усвојување на записникот од одржаната 27-ма седница.

Советот ги Усвои следните Одлуки , Предлог-Одлуки како и Предлог –Програми и Решенија

1.Одлука за усвојување на тромесечен извештај за извршување на буџетот на општина Новаци за период од 01.01.2019 до 31.03.2019 година .
2. Предлог-Одлука за проширување на средства на Буџетот на Општина Новаци за 2019 година.
3.Предлог-Одлука за проширување на средства на Буџетот на Општина Новаци за 2019 година.
4.Предлог-Одлука за подигање Спомен обележје на сите жртви од Прва светска војна
5.Предлог-Одлука за вклопување на бесправно изграден објект во идна урбанистичко-планска документација(Борис Велјановски с.Добромири)
6.Предлог-Одлука за утврдување на потреба за донесување урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Зовиќ 1 во идна урбанистичко-планска документација
7.Одлука за овластување за изградба нов објект за производство на топлинска енергија на АД ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА-Скопје
8.Одлука за одобрување на финансиски средства за престојување на преставници од општина Новаци во Република Франција-општина Коломбел(16-19 јуни).
9.Предлог-Решение за именување на членови на Одбор за подигање на спомен обележје на сите жртви од Прва светска војна
10.Oдлука за измена и дополнување на Одлуката за ко-финансирање на општина Новаци при аплицирање со проект(Уредување на Порој во н.м. Гермијан II фаза).
11.Одлука за одобрување на финансиски средства за престојување на преставници од општина Новаци во Република Хрватска-општина Дуги Рад.
12. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програма за одбележување значајни настани и истакнати личности со спомен обележја за период од пет години во Општина Новаци.
13.Предлог-Програма за управување со животната средина во однос на влијанието од енергетскиот сектор во општина Новаци за 2019 година.
14.Предлог-Решение за формирање на Комисија за реализација на Културно Лето 2019 година

Советниците на 28-та седница ја усвоија Завршна сметка за 2018 година на Ј.П. за Комунални дејности ,,Комунална Хигиена,, Новаци , Извештајот за работење за 2018 година на Ј.П. за Комунални дејности ,,Комунална Хигиена,, Новаци како и Годишниот извештај на извршените работи за одржување на Јавната Чистота на општина Новаци за 2018 година.

Усвоена е Предлог-Измената на Годишениот план за јавни набавки на општина Новаци 2019 година како и Предлог-Измените и Дополнувањата на Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Новаци за 2019година

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php