«

»

Apr 26

Честитка за Велигден најголемиот христијански празник

Почитувани граѓани-Христијани,

Во мое лично име и во име на локалната самоуправа и Совет на општина Новаци на сите граѓани православни верници им упатувам искрени честитки по повод големиот христијански празник Воскресение Христово-Велигден.
Духовната вредност на овој голем христијански празник не потсетува на значењето и вредноста на човековиот живот исполнет со покајание,молитва и пост.Со воскресението Христово ја празнуваме победата на животот над смртта ,неговата големина ,добрина и семоќ.
Велигден е празник на надежта и смислата на нашето постоење.
Затоа ширум да ги отвориме вратите од нашите домови и велигденската радост и убавина да ја поделиме со нашите најблиски ,со нашите пријатели и соседи.
Празничните денови нека бидат исполнети со спокојство, хармонија и душевен мир.
Благодарни за она што го имаме да му се радуваме на животот.
Да дозволиме светлината на овој празник да ги исполни нашите души и срца ,да ни дарува сила и верба да ги надминиме меѓусебните недоразбирања ,да се приближиме едни кон други и со верба во себе и во Бога ,сплотени да чекориме кон подобро и поубаво утре.
Нека Ви е честит и вековит Велигден !
Христос Воскресна !

Општина Новаци
Градоначалник
Љубе Кузманоски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php