«

»

Apr 24

Отворена канцеларија на МЗШВ во општина Новаци

За потребите на земјоделците во општина Новаци е отворена и ставена во функција дисперзирана канцеларија на подрачното министерство за земјоделство,шумарство и водостопанство од Битола.

Ова е направено со цел да им се олесни пријавувањето на субвенции на земјоделците , да им се даде помош околу документацијата како и совети од страна на стручни лица.

Привавувањето на субвенциите започна од понеделникот 22.04.2019 година и ќе трае до крајот на месец мај 30,05,2019 година.

Пријавувањата ќе се вршат ЛИЧНО со лична карта или ЧЛЕН на земјоделското стопанство секој работен ден од 08:00 до 16:00ч во дисперзираната канцеларија која се наоѓа во општинската зграда на приземје .

Стручни лица вработени во МЗШВ ПЕ Битола ќе им стојат на располагање на сите земјоделци за било каква помош и дополнителни информации.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php