«

»

Apr 15

Општина Новаци со акција за чистење на времените депонии

Општина Новаци спроведе акција за чистење на времените депонии во Новаци и Добромири .Ваквите депонии се создадени со цел месното население да го одлага комуналниот смет и градежен шут на едно собирно место со цел да не се создаваат помали диви депонии на несодветни места .
Акцијата за чистење беше поздравена од локалното население, изразувајќи го своето огромно задоволство од големиот ангажман на градоначалникот Љубе Кузманоски .

Од локалната самоупрва упатија апел до граѓаните на општина Новаци за совесно однесување кон еднаш исчистените депонии и подигнување на јавната свест за несовесното постапување со отпадот , бидејќи заштитата на животната средина во голема мера зависи од правилниот однос и постапување со отпадот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php