«

»

Apr 05

Aкција за расчистување на дивите депонии на територија на с.Далбеговци

Екипа од ЈП Комунална Хигиена од Новаци денеска реализираше акција за расчистување на дивите депонии на територија на с.Далбеговци.Градоначалникот Љубе Кузманоски заедно со директорот на комуналното претпријатие направија увид на активностите на терен.Се чистеа и бетонираните атмосферски канали од несовесно фрлениот отпад.
“Упатувам апел до граѓаните совесно да се однесуваат кон еднаш исчистените локации со диви депонии.Штетноста од несовесното постапување со отпадот треба да биде основа за подигнување на јавната свест кај граѓаните и силна порака за да разберат дека заштитата на животната околина во голема мера зависи од нашиот однос кон отпадот.”-истакна градоначалникот Кузманоски.
Во текот на вчерашниот ден се направи увид во санација на одводна цевка од крак на канализациона мрежа во Новаци и чистење на одводниот канал.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php