Monthly Archive: April 2019

Apr 30

Советот на општина Новаци ја одржа 28-та седница

Советот на општина Новаци ја одржа 28-та седница на која беа разгледани и усвоени 20-тина точки од дневниот ред . Седницата започна со разгледување и усвојување на записникот од одржаната 27-ма седница.

Apr 26

Честитка за Велигден најголемиот христијански празник

Почитувани граѓани-Христијани, Во мое лично име и во име на локалната самоуправа и Совет на општина Новаци на сите граѓани православни верници им упатувам искрени честитки по повод големиот христијански празник Воскресение Христово-Велигден. Духовната вредност на овој голем христијански празник не потсетува на значењето и вредноста на човековиот живот исполнет со покајание,молитва и пост.Со воскресението …

Continue reading »

Apr 24

Отворена канцеларија на МЗШВ во општина Новаци

За потребите на земјоделците во општина Новаци е отворена и ставена во функција дисперзирана канцеларија на подрачното министерство за земјоделство,шумарство и водостопанство од Битола. Ова е направено со цел да им се олесни пријавувањето на субвенции на земјоделците , да им се даде помош околу документацијата како и совети од страна на стручни лица. Привавувањето …

Continue reading »

Apr 16

Набавен трактор и приколица од проектот Аgrowchain

Со средства од проектот „Одржливо менаџирање на агро-отпадот за загревање на руралните средини“- Agrowchain од програмата за прекугранична соработка Македонија Грција набавен е трактор и приколица кои ќе  дел од опремата која општина Новаци треба да ја набави за да ги чисти речните корита и канали со кои ќе собира биомаса за загревање на детската …

Continue reading »

Apr 15

Општина Новаци со акција за чистење на времените депонии

Општина Новаци спроведе акција за чистење на времените депонии во Новаци и Добромири .Ваквите депонии се создадени со цел месното население да го одлага комуналниот смет и градежен шут на едно собирно место со цел да не се создаваат помали диви депонии на несодветни места .

Apr 05

Aкција за расчистување на дивите депонии на територија на с.Далбеговци

Екипа од ЈП Комунална Хигиена од Новаци денеска реализираше акција за расчистување на дивите депонии на територија на с.Далбеговци.Градоначалникот Љубе Кузманоски заедно со директорот на комуналното претпријатие направија увид на активностите на терен.Се чистеа и бетонираните атмосферски канали од несовесно фрлениот отпад.

css.php