«

»

Mar 30

ОПШТИНА НОВАЦИ ПРОСЛАВИ 23 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Општина Новаци денеска прослави 23 години успешна работа и опстојување. Празнувањата започнаа со положување на свежо цвеќе пред споменикот на народниот херој Славко Лумбарковски во истоименото централно училиште коe пак го празнува патрониот празник.
Чествувањата продолжија со полагање свежо цвеќе на гробот на загинатиот херој Пеце Матичевски со потекло од Новаци а загинат во конфликтот во 2001 година.

Градоначалникот Кузманоски заедно со гостите од пријателска Франција го посетија ООУ Славко Лумбарковски каде присуствуваа на отворениот ден и на неколку работилници .

Свечената седница на Советот на општина Новаци на која свое обраќање имаше градоначалникот Љубе Кузманоски , Претседателот на Совет Наумче Смилевски и Градоначалникот на општина Коломбел од Р.Франција се одржа во Младинскиот културен центар.
Градоначалникот Кузманоски со поздравен говор му се обрати на присутните гости нагласувајќи дека годишнините се вистински момент да се преиспитаме што се се направило и до каде се стигнало за овој период. Градоначалникот уште еднаш направи преглед на проектите кои се зацртани да се реализираат во наредниот периот.

“Денеска славиме 23 години постоење на Општина Новаци .30 Март претставува посебен ден за Општината и значаен за сите нас кои заеднички придонесуваме за развој и унапредување на нашата општина.Општина Новаци од година во година се развива уште повеќе и станува уште поубаво место за живеење. Од типично рурална општина пред 23 години , денес Општина Новаци е општина со која сите ние треба да се гордееме .Денес Општина Новаци претставува стопански , административен , образовен , културен , уметнички и спортски центар . Постојано вложуваме во инфраструктурата, во изградба на нови паркови, засадување на дрвја, реконструкција на училишта и градинки. Со посебен ентузијазам ќе инвестираме во најмладите, развивајќи го спортот на повисоко ниво во општината. Не ги забораваме ни пензионерите,а им помагаме на социјално загрозените семејства кои живеат на наша територијата. Продолжуваме со уште посилно темпо и во 2019-та година да ги реализираме успешно нашите зацртани планови и идеи .Во периодот што следува активностите ќе бидат насочени кон реализација повторно кон капитални проекти , подобрување на патната инфраструктура , заштита на животната средина , подобрување на водоснабдувањето во секое населено место . Изградба на барана на Елешка Река . Реконструкција на доводен цевковод од 5-те чешми во с.Старавина како и Реконструкција на општинска зграда Новаци .Подобрување на условите во образованието со реконструкција на училиште во с. Бач и изградба на спотрско игралиште.Нашите проекти не се само парче испишана хартија, туку конструктивност и позитивен пристап во решавањето на предизвиците со кои се соочува општината од една страна и нашите сограѓани, од друга страна.Заедно со Советот на општината и граѓаните, чекор по чекор, трпеливо и упорно, планираме, работиме и ја градиме Општина Новаци. Без разлика на верска, етничка или политичка припадност сите заедно да земеме активно учество во развојот на општината и да обезбедиме квалитетен живот за граѓаните.”-истакна градоначалникот Кузманоски.

Председателот на Совет Наумче Смилевски пред присутните гости при своето излагање ја истакна обрската и одговорноста што ја имат како Совет да направат се што е во нивна можност и во согласност со законите да ги подобрат условите за живот на сите категории на граѓани и од општина Новаци да направат убаво и пристојно место за живеење. Ги повика советниците да работат на носење заеднички одлуки, заклучоци ,предлози и решенија за доброто на сите граѓани водејќи се од интересите на граѓаните.

На свечената седница се потпиша и мемораднум за соработка и разбирање помеѓу Градоначалникот на општина Новаци г-дин Љубе Кузманоски и Градоначалникот на општина Коломбел Марк Потје .

Градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузманоски на своите соработници и пријатели, поддржувачи на работата на општина Новаци им додели благодарници.

По повод денешниот ден беше организиран и отворен ден во општина Новаци за многубројните гости и пријатели на оваа локална самоуправа.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php