«

»

Mar 28

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ОПШТИНА КОЛОМБЕЛ ОД Р.ФРАНЦИЈА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА НОВАЦИ

Делегација од општина Коломбел предводена од градоначалникот Марк Потје е во неколкудневна посета на општина Новаци .
Градоначалникот Потје оствари средба со градоначалникот Љубе Кузманоски , претседателот на Совет и раководителите од локалната самоупрва давајќи му посебен акцент на меѓусебната соработка која се заснова на на различни теми -млади , култура и културно наследство , одржлив развој и локална демократија како и на тема историја и сеќавање на Првата светска војна и Македонскиот фронт .

Оваа посета се заснова на развивање размени и соработки помеѓу институциите и жителите на двете општини како и зајакнување на капацитетите на локалната власт.Начелно се договорија за насоките и темите за идната соработка во која двете општини максимално ќе ги искористат своите капацитети.

Го посетија споменикот во с.Брод подигнат во знак на сеќавање на сите паднати војници и цивили во Првата светска војна каде положија свежо цвеќе.Овој споменик е плод од успешната соработка ,проект реализиран со АЛДА и општина Коломбел.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php