«

Mar 15

Советот на општина Новаци ја одржа 27-та седница

Советот на општина Новаци ја одржа 27-та седница на која беа разгледани и усвоени 18-тина точки од дневниот ред .
Седницата започна со разгледување и усвојување на записникот од одржаната 26-та седница.

Советот ја усвои Одлуката за усвојување на Завршната сметка на општина Новаци за 2018 година како и Одлуката за усвојување на Годишниот извештај на општина Новаци за 2018 година.

Усвоени се и следните Одлуки :
1.Oдлука за усвојување на Финансискиот извештај за финансиско работење на О.У Славко Лумбарковски , Новаци за 2018 година .
2.Одлука за одобрување на средства за одбележување на празникот на општината 30-Март .
3.Одлука за формирање на комисија за одбележување на денот на општината .
Одлука за одобрување на средства за престојување на гостите од Р.Франција .

Усвоени се и седум Предлог-Одлуки за вклопување на безправно изграден објект во идна урбанистичко-планска документација (Добромири , Далбеговци , Бач).

Советниците усвоија Акционен План и Програм за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести за подрачјето на територијата на општина Новаци за 2018 година.

На 27-та седница Советот ја усвои Пописната листа за расход и отуѓување 2019 година како и Измените и дополнувањата на Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Новаци за 2019 година .

Советот ја усвои и Програмата за дополнување на Програмата за решавање на проблемот со бездомните животни на подрачјето на општина Новаци како и Планот за контрола на популацијата на бездомните кучиња на територијата на општина Новаци за период 2019-2020 година .

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php