Monthly Archive: March 2019

Mar 30

ОПШТИНА НОВАЦИ ПРОСЛАВИ 23 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Општина Новаци денеска прослави 23 години успешна работа и опстојување. Празнувањата започнаа со положување на свежо цвеќе пред споменикот на народниот херој Славко Лумбарковски во истоименото централно училиште коe пак го празнува патрониот празник. Чествувањата продолжија со полагање свежо цвеќе на гробот на загинатиот херој Пеце Матичевски со потекло од Новаци а загинат во конфликтот …

Continue reading »

Mar 29

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ОПШТИНА НОВАЦИ И ОПШТИНА КОЛОМБЕЛ

На свечената седница која се одржа по повод празникот на општина Новаци се потпиша меморандум на соработка и разбирање помеѓу општина Новаци предводена од градоначалникот Кузманоски и општина Коломбел Р.Франција предводена од градоначалникот Марк Потје.

Mar 28

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ОПШТИНА КОЛОМБЕЛ ОД Р.ФРАНЦИЈА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА НОВАЦИ

Делегација од општина Коломбел предводена од градоначалникот Марк Потје е во неколкудневна посета на општина Новаци .

Mar 26

Здружението на жени од Новаци освои прво место на манифестацијата “Зелникот на баба” во Пробиштип

Здружението на жени од Новаци го освои првото место во категоријата брзо сукање на зелник на манифестацијата ” Зелникот на баба” која се одржа традиционално во Пробиштип.Оваа манифестација се организира по повод денот на пролетта и учество земаат голем број на здруженија и поединци каде се натпреваруваат во различни категории меѓу кои на лице место …

Continue reading »

Mar 15

Советот на општина Новаци ја одржа 27-та седница

Советот на општина Новаци ја одржа 27-та седница на која беа разгледани и усвоени 18-тина точки од дневниот ред . Седницата започна со разгледување и усвојување на записникот од одржаната 26-та седница.

Mar 12

Јавен оглас до евидентирани невработени лица

Почитувани, на следниот ЛИНК го имате јавниот оглас до евидентирани невработени лица кои се заинтересирани за учество на обуки за побарувани занимања на пазарот на трудот.

Mar 11

Специјално признание за градоначалникот на Новаци во Турција

Специјално признание му беше доделено на градоначалникот на општина Новаци, Љубе Кузманоски од Здружението на иселеници од Македонија во градот Ајдин, Турција, во знак за благодарност за доближување на македонскиот и турскиот народ и нивната култура преку збратимувањето со турската општина Караџасу.

Mar 08

Општина Новаци се збратими со Oпштината Караџасу од Турција

Во четиридневна посета на градот Ајдин, Република Турција, престојува делегација од Општина Новаци предводена од градоначалникот Љубе Кузманоски и претседателот на Советот на општина Новаци, Наумче Смилевски. За време на посетата на Република Турција, градоначалникот Кузманоски потпиша Декларација за збратимување на општина Новаци со општината Караџасу.

css.php