«

»

Feb 28

Близначките Ана, Марија и Атанасија Момоковски од с.Градешница со признание во категоријата спорт-Ката Тим

Карате Клуб „ ЗАНШИН-ДО“-БИТОЛА, постои само 6 години а веќе се препознава преку голем број успеси од меѓународни натпревари. Во овие 6 години има освоено околку 900 медалји од кои 150 се злата а останатите сребра и бронзи. Во Карате Федерација на Македонија (КФМ) Битола ја препознаваат преку К.К „ ЗАНШИН-ДО“-БИТОЛА кој е и единствен клуб од Битола кој е рамноправен член на КФМ.

Близначките Ана, Марија и Атанасија Момоковски кои се по потекло од с. Градешница-општина Новаци , се дел од натпреварувачкиот тим, тие активно тренираат и се натпреваруваат во три дисциплини, меѓутоа се неприкосновени во дисциплината КАТА ТИМ , каде во последните две години имаат освоено 9 златни медалји на мегународни натпревари. Доколку продолжат со ова темпо на успеси се очекува да бидат дел од Македонска репрезентација.

На 20-то издание на манифестацијата “Избираме најуспешни битолчани” за 2018 организирана од Битолски весник близначките Ана , Марија , Атанасија добија признание во категоријата спорт –Ката тим .

За нивниот успех заслужна е и општина Новаци која финансиски ги поддржува нивните учества на државни и меѓународни натпревари

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php