«

»

Feb 18

Советот на општина Новаци ја одржа 26-та седница

Советот на општина Новаци ја одржа 26-та седница на која се најдоа околу 15- тина точки на дневен ред.

По усвојувањето на записникот од 25-та седница ,советниците од Советот на општина Новаци расправаа по 15-тина точки од дневниот ред

Советот на општина Новаци го разгледа Предлог-Деловодникот на Советот на општина Новаци и го утврди Нацрт-Статутот на општина Новаци ставајќи го на јавна расправа во рок од 30 дена .

Усвоен е Заклучокот за усвојување на Извештајот за извршен редовен годишен попис во општина Новаци со состојба 31.12.2018 година како и Извештајот на Комисијата за попис на Побарувањата ,Обврските и Паричните средства во благајната на општина Новаци .

На 26-та седница советот ги усвои и следните Одлуки:

1.Одлука за утврдување на приоритет на проект (Основен проект за одржување/реконструкција на улици во с.Градешница)
2.Одлука за давање Согласност за намената на инвестицијата(Основен проект за одржување/реконструкција на улици во с.Градешница)
3.Одлука за сопствено учество на Општина Новаци при аплицирање со проекти(Основен проект за одржување/реконструкција на улици во с.Градешница).
4.Одлука за сопствено учество на Општина Новаци при аплицирање со проекти-
-Изработка на Проект за инфраструктура за изградба на канализациона мрежа со пречистителна станица во н.м. Рибарци-општина Новаци и стручна ревизија
-Изработка на основен проект за пречистителна станица за комунални отпадни води н.м.Рибарци општина Новаци и стручна ревизија
-Изградба на пречистителна станица за комунални отпадни води н.м.Рибарци-општина Новаци

5.Одлука за утврдување на приоритет на проект (Основен проект за одржување/реконструкција на тротоари во с.Новаци).
6.Одлука за давање Согласност за намената на инвестицијата(Основен проект за одржување/реконструкција на тротоари во с.Новаци).
7.Одлука за сопствено учество на Општина Новаци при аплицирање со проекти(Основен проект за одржување/реконструкција на тротоари во с.Новаци).
8.Одлука за утврдување и обележување места за истакнување на изборни плакати за Претседателски избори избори 2019 година, за Претседател на Република Македонија , како и
9.Предлог-Одлука за вклопување на бесправно изграден објект во идна урбанистичко-планска документација

Советот го усвои и Извештај за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани, а неплатени обврски како и Полугодишниот извештај за работа на училиштето ОУ,,Славко Лумбарковски,,-Новаци за учебната 2018/19 година.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php