«

»

Jan 31

Советот на општина Новаци ја одржа 25-та седница

Советот на општина Новаци ја одржа 25-та седница на која се најдоа околу 30- тина точки на дневен ред.
По усвојувањето на записникот од 24-та седница ,советниците од Советот на општина Новаци расправаа по 30-тина точки од дневниот ред

Покрај Одлуката за усвојување на тромесечниот извештај за извршување на буџетот на општина Новаци период(01.01.2018 до 31.12.2018 година) советниците ги усвоија и следните Одлуки:

1.Одлука за отпочнување постапка за модернизација на уличното осветлување во општина Новаци (за ЈавноПриватноПартнерство
2.Одлука за формирање на Комисија за спроведување на постапката за ЈПП за модернизација на уличното осветлување во општина Новаци
3.Одлука за определување на висината на благајничкиот максимум.
4.Одлука за определување на на висината на благајничкиот девизен максимум.
5.Одлука за сопствено учество на општина Новаци
при аплицирање со проекти.
6.Одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општината за 2019 година
7.Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на другите вработените во општина Новаци 2019 година
8.Одлука за измена и дополнување на Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2019 година
9.Одлука за одобрување на средства за престојување на гостите од Дуги Рад-Хрватска
10. Одлука за измена и дополнување на Одлука за трајно отстапување на патнички возила на ЈКПД,,Комунална Хигиена,, Новаци.
11.Одлука за определување на локации за закопување на мршите .
12.Одлука за ангажирање на тешка механизација и техничка опрема при појава на болеста Африканска чума кај свињите
13.Одлука за продолжување на воспоставената меѓуопштинска соработка помеѓу општина Новаци и општинаБитола(заклучносо31.12.2019година).

Советот го усвои Решението за формирање на Комисија за проценка на штети од елементарни и други непогоди и Решението за разрешување и избор на координатор на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите.

Усвоен е Заклучокот за усвојување на Извештајот за извршен редовен годишен попис во општина Новаци со состојба 31.12. 2018 година од Централната пописна комисија како и Заклучокот зa усвојување за реализација на Програмата за изградба , реконструкција и одржување на локални патишта и улици во Општина Новаци за 2018 г.

Советниците го изгласаа и Предлог-Годишниот план за јавни набавки на општина Новаци за 2019 година .
Едногласно усвоени се и следните Програми и Предлог-програми :

  1. Програмата зa санација и одржување на полски патишта во општина Новаци за 2019 година .
    2.Програма зa пробивање na полски патишта во општина Новаци за 2019 година .
    3.Програма за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици во општина Новаци за 2019 година.
    4.Предлог-Програма за решавање на проблемот со бездомните животни на подрачјето на општина Новаци

Разгледани се и усвоени и неколу Барања за еднократна парична помош од физички лица.

Советот ги усвои и следните Предлог –Одлуки за бесправно изградени објекти:
1.Предлог-Одлука за вклопување на бесправно изграден објект во идна урбанистичко-планска документација(Видан Талевски од Битола )
2.Предлог-Одлука за вклопување на бесправно изграден објект во идна урбанистичко-планска документација(училишназградабр.1,КП1503/1КОРапеш)
3.Предлог-Одлука за вклопување на бесправно изграден објект во идна урбанистичко-планска документација(училишна зграда бр.1 КП 599 КО Добровени).

Советниците ја усвоија иницијативата за измени и дополнување на Статутот на општина Новаци и Деловодникот на Советот на општина Новаци.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php