«

»

Jan 14

Традиционални Василичарски огнови низ општина Новаци

Православните христијани денеска ја слават Василица .Народот ја слави како Стара Нова година во чест на светецот Василиј но и како обрежување на Исус Христос. Во секое маало граѓаните со големи огнови кои се симбол на божествената светлина ги прогонуваат лошите сили и ја испраќаат старата година .
Бројни маала низ општина Новаци синоќа традиционално ги запалија василичарските огнови околу кои во весело расположение , со греана ракија , вино и скара се прослваи Стара Нова година и Василица.
Градоначалникот Љубе Кузманоски ја прослави Василица со своите сограѓани . Ги посети големите маалски василичарски огнови од каде испрати порака да се негува традицијата и обичаите и да се пренесуваат на идните поколенија.

“Овие празници како дел од нашата традиција ни даваат можност да се собериме сите заедно на едно место , на едно огниште кое симболизира заедништво , единство и сите заедно да ги одбележиме традиционалните вредности кои всушност се и белег на нашето постоење.Ова заедништво ги зајакнува меѓусебните врски во нашата локална заедница. Дружењето со соседите , пријателите , блискоста меѓу младите дава посебно чувство на среќа , задоволство и исполнетост .Да си подаваме рака , да се помируваме , да бидеме единствени и сплотени не само на ваквите празници туку тоа да ни биде секојдневие.
На сите граѓани на општина Новаци и на сите православни верници им ја честитам Стара Нова година и Василица со желби за здравје , среќа и бериќет ” – истакна градоначалникот Кузманоски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php