«

»

Jan 14

ПРЕПОРАКИ ОД ДЗС

Препораки од Дирекцијата за заштита и спасување на граѓаните кои живеат на повисоките места во зимски услови:

  1. Навремено да обезбедат доволни количини на храна и лекови за сопствените потреби.
  2. Навремено да обезбедат доволно храна и неопходни лекови за домашните животни.
  3. Да имаат обезбедено телефонски врски – по можност мобилни.
  4. Да внимаваат на покривите  –  во случај на обилни врнежи од влажен снег и истите навреме да ги чистат.
  5. Навремено да информираат за настанати непогоди – несреќи.
  6. Редовно да ги чистат дворните места и да обезбедат нужна комуникација во населеното место.
  7. До колку не е крајно неопходно, да не го напуштаат населеното место со моторните возила, трактори и други превозни средства.

 

ПРЕПОРАКИ ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ КОИ ОВАА ЗИМА ЌЕ ОДАТ НА ПЛАНИНА

Дирекцијата за заштита и спасување поради временските услови, нагла промена на температурата, појава на магла, и слично, на сите граѓани на Република Македонија им препорачува:

-континуирано да ја следат временската прогноза пред заминување во туристичките центри или било која друга дестинација;

-да не тргнуваат на пат со неисправно возило и без соодветна зимска опрема;

-да имаат доволно гориво во возилото за нивно пристигнување до саканата дестинација, но и во случај да дојде до прекин на сообраќајот;

-да имаат доволна количина на храна, вода, лекови и топла облека;

-да имаат наполнети батерии на мобилните телефони и конекција со своите роднини и пријатели;

-луѓето што ќе ги посетат зимските центри да ги користат уредените патеки за скијање, а, доколу истите сакаат да ги напуштат да ги известат спасителните служби на тие центри;

-планинарите, алпинистите и останатите граѓани кои сакаат да планинарат во зимски услови, да ги известат најблиските полициска станици или спасителни служби за нивниот правец на движење и времето

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php