«

»

Dec 31

Честитка од градоначалникот Љубе Кузманоски по повод новогодишните и божиќните празници

Почитувани сограѓани,

 Ми претставува особена чест и задоволство од мое лично име и од името на општинската администрација да Ви ги честитам претстојните новогодишни и божиќни празници  со желба за многу здравје, среќа и успех.

Зад нас ја оставаме 2018 година ,година  во која напорно работевме на реализација  на многу проекти и решавање на многу проблеми.Градевме успеси темелени на заедничко работење во дослух и поддршка со граѓаните на општина Новаци .

Со добра мисла за здравје , бериќет, просперитет и развој да ја започнеме годината што ни доаѓа.Сите заедно обединети, сложно, со позитивна енергија и подадена рака  да ја дочекаме Новата година  и новите предизвици во неа спроведувајќи ги сите наши заложби, идеи и планови  во насока на обезбедување на подобри услови за живот на сите граѓани.

Во Новата година да бележиме успеси на сите полиња.Да ја развиваме, унапредуваме и градиме нашата општина во силна , модерна општина со европски лик.

Нека не води единствената мисла  со која сите заедно ќе стигнеме до заедничката цел –општина Новаци  да стане препознатливо и убаво место за живеење.

Среќни празници !

Со почит

Градоначалник

Љубе Кузманоски

Општина Новаци

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php