«

»

Dec 31

Општина Новаци им подари новогодишни пакетчиња на 270 ученици ЦОУ Славко Лумбарковски Новаци

Во пресрет на новогодишните празници  градоначалникот Љубе Кузманоски  заедно со директорот на ЦОУ Славко Лумбарковски Илче Соклевски  денеска им поделија новогодишни пакетчиња на учениците од Централното училиште во Новаци.

“Општината  обезбеди над 270 новогодишни пакетчиња  за сите ученици  од основните училишта во општина Новаци како и за деца од ранлива категорија . Празниците што доаѓаат се одлична можност  за остварување на многу детски желби .Ние како локална самоуправа  во соработка со директорот на централното основно училиште Славко Лумбарковски  придонесовме со скромни новогодишни пакетчиња да ги израдуваме  сите ученици .Во новата 2019 година она што е наша обврска како локална самоуправа е да ја продлабочиме соработката со основните училишта   , каде заеднички  ќе работиме  на  многу проекти  со цел  подобрување на воспитно-образовниот процес  во сите училишта.”- рече Љувбе Кузманоски, градоначалник на општина Новаци.

Локалната самоуправа обезбеди новогодишни пакетчиња за сите ученици од  8-те подрачни училишта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php