«

»

Dec 26

Донесен Буџетот на општина Новаци за 2019 година

На 24–тата седница на Советот на општина Новаци беше разгелдан  и усвоен буџетот за 2019 година како и одлуката за негово извршување.

Советниците назначина комисија за попис во општина Новаци, донесоа неколку програми и тоа за потребите на граѓаните од областа на социјалнара заштита во општина Новаци за 2019 година, за спроведување на активности на спортските друштва и пдржување на спортската инфраструктура за 2018 година во општина Новаци, програма за култура, културни и други манифестации како и за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Новаци за 2019 година.

Советот на општина Новаци на седницата разгледа и усвои неколку извештаи за искористени средства за 2017 година на здруженија на граѓани, спортски, технички и научни друштва, наменски дотации за културно уметнички манифестации и сл.

Усвоена е предлог измената на програмата за изградба и реконструкција на локалните патишта и улици во општина Новаци за 2018 година, дадена е согласност за Локалниот акционен план за 2019 годиуна за еднакви можности на мажите и жените.

Советниците доделија финансиска помош на неколку барања на физичка лица за лекување, усвоен е планот за вработување на општона Новаци за 2019 година, донесена е годишна програма за професионален и акриерен развој на наставниците, стручните соработници, директорот и негивиот помошник за 2018/2019 година, програма за работа на ЈКП Комунална хигиена Новаци за 2019 година, програма за одржување на јавна чистота на територијата на општина Новацу за 2019 година, програма за одржување на локалние водоводи во општина Новаци за 2019 година,предлог програма за изработка на општи акти на територијата на општина Ноавци за 2019 година, одлука за давање согласност на Одлука За утврдување на цена за снабдување со вода за пиење на Јавното Претпријатие за Комунални Дејности ,,КОМУНАЛНА ХИГИЕНА,, – Новаци, за регулиран период 2019 – 2021 година.

На седницата беа донесени и одлуки за вклопување на бесправно изградени објекти во идна урбанистичка планска документација за село Добромири.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php