«

»

Dec 14

Отворен регионалниот ресурсен центар за слепи лица во Битола

Здружението на слепи лица, со поддршка на локалната самоуправа, ундп и министерството за труд и социјална политика, како и со помош на останати донатори, го добија првиот регионален ресурсен центар за слепи лица. Општина битола, на ваквата иницијатива и пристапи многу сериозно и темелно, со што обезбеди простор наменет за овој центар.

„овој ресурсен центар за лицата со оштетен вид треба да ги покрива општините битола, ресен, демир хисар, могила и новаци. За овој ресурсен центар, како би бил одржлив во следниот период, со одлука на советите на општините, ќе бидат издвоени 2% од средствата наменети за здруженија на граѓани, со што би се овозможило и во следниот период центарот за функционира без пречки, односно да може да врши инклузија на лицата кои што имаат попреченост во видот. Во изминатиот период општина битола ги спроведе сите активности кои што се однесуваат на услогласување на потребната документација и сите процеси поврзани со тоа да се добие овој простор, наменет за ресурсниот центар. На мое задоволство, ова е добар показател како може сите месни заедници да бидат ставени во функција на граѓаните“, рече градоначалничката на општина битола, м-р наташа петровска.

Регионалниот ресурсен центар е сместен во просториите на месната заедница коле лачето, а ќе биде ставен во функција на сите слепи и слабовидни лица од регионот.

„три години молевме и тропавме на врати, еве најдовме на разбирање кај новата локална самоуправа, аплициравме и го добивме проектот од ундп, зградата се реновираше, внатре имаме лап топи со говорна програма, има сензорен екран каде што се става книга и оној кој што е слабовиден ќе можат да читаат. Внатре има шах за слепи, домино за слепи,книги за слепи итн.според евиденцијата на здружението за слепи лица во битола ги има над 200, од кои четири се мали деца и тие ќе можат да се дружат и да го поминуваат слободното време во овој центар“ изјави претседателот на здружението за слепи лица битола, стево костадиновски.

„се надевам дека токму овој центар ќе биде пример за сите останати општини во република македонија и за целокупното општество, за тоа како и на кој начин треба да се обезбедат неопходните услови за нормален живот на лицата со попреченост“, рече пратеникот александар кирацовски.

Претставникот од усаид шпетим љатифи ја нагласи потребатаод заедничката соработка со здружението на слепи лица и изрази подготвеност занатамошна соработка и помош. Во ресурсниот центар ќе можат да членуваат и другилица со инвалидитет, па заеднички просторот ќе им служи при реализација нанивните цели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php