Monthly Archive: December 2018

Dec 10

КУД Новаци во Бања Банско Бугарија на меѓународен фестивал

Културно-уметничкото друштво од Новаци “”КУД НОВАЦИ” со сплет на ора карактеристични за нашиот регион се претставија на меѓународен фолклорен фестивал во Бања Банско. Нашето друштво години наназад ја претставува општина Новаци на многу домашни и меѓународни фестивали и концерти . Нашите играорци се чувари и големи амбасадори на фолклорната традиција од нашиот крај.

Dec 10

22-ра седница на Совет на општина Новаци

По усвојувањето на записникот од  21-та седница советот на општина Новаци го разгледа и усвои дневниот ред  со дваесеттина точки од 22-та седница Советот на општина Новаци ги усвои следните Предлог-Одлуки и Одлуки:

Dec 07

Kick of meeting со партнерите за проектот Аgrowchain

Денес во општина Новаци се одржа третата по ред сесија на партнерите кои што се дел од проектот за „Одржливо менаџирање на агро-отпадот за загревање на руралните средини“. Проектот ќе трае 24 месеци, од јуни годинава до  2020 година, а вкупната сума за сите партнери изнесува 669 илјади евра. Буџетот на општина Новаци изнесува 216 …

Continue reading »

Dec 06

Изградба на атмосферска канализација во Новаци

Во тек се градежните работи околу изградбата на атмосферска канализација во Новаци. Станува збор за мрежа на бетонски канали кои ќе ја собираат атмосферската вода во должина од 450 метри, вели градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузманоски. Оваа актицвност е финансирана од буџет на општина Новаци на барање на граѓаните на ова населено место.

Dec 06

Јавен повик

Јавниот повик до доверителите на општина Новаци и доверителите на единките корисници основани од општина Новаци, од областа на образованието, културата, детската и социјалната заштита за пријавување на доспеани, а неплатени побарувања го имате ТУКА. Пријавата можете да ја најдете ТУКА.

css.php