«

»

Nov 16

20 години успешна соработка со Агенцијата за поттикнување на развојот 

Агенцијата за поддршка на развојот на  земјоделството од Битола  одбележа 20 години од своето постоење и 50 години од зачетоците на советодавната услуга во земјоделието.
” Советодавниот сервис-едукативно информативна поддршка на земјоделството и руралниот развој ” беше насловот на Конференцијата во организацијата на АПРЗ на која присуствуваше градоначалникот Љубе Кузманоски .
Воедно Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството му врачи благодарница на градоначалникот Кузманоски за успешна соработка со АПРЗ во спроведување на советодавните услуги во руралните средини.

Агенцијата е важен сервис за едукативно-информативна поддршка на земјоделците од Пелагонискиот регион .
Земјоделците од општина Новаци да ги користат што повеќе советодавните услуги што ги нуди агенцијата а се усогласени со земјоделската политика на ЕУ во поглед како да станат поконкурентни на пазарот на трудот, како да аплицираат и да ги користат средствата и фондовите од ЕУ , како до подобар пласман и осовременување на механизацијата .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php