«

»

Nov 14

Изложбата на Петар Ставрев „Фолклорни мотиви“ во ЦОУ Славко Лумбарковски во Новаци

Во просториите на ООУ Славко Лумбарковски во Новаци , во присуство на градоначалникот Љубе Кузманоски и посетителите беше отворена изложба на фоторафии на познатиот новинар и фоторепортер Петар Ставрев.
Изложбата е тематска и прикажува фотографии со фолклорни мотиви од разни фолклорни фестивали , исклучиво од фестивалот Илинденски денови Битола.
Целта е прикажување на сите фолклорни елементи , носии , накит , начин на украсување, ора, традиции.
Изложбата ќе биде одворена 7 дена така што сите љубители ќе имаат можност да ја посетат во наредните денови .
Инаку г-динот Ставрев е автор на над 50 самостојни изложби прикажувајќи ги преку фотографија убавините на Македонија , особено на Пелистер .Автор е на повеќе ТВ емисии меѓу кои најпозната Патуваме и Откриваме .
Добитник е на повеќе награди и признанија и своевремено беше претседател на Фотосојузот на Македонија .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php