Општина Новаци заедно со АД Водостопанство на Р.М. подружница Битолско Поле – Битола интензивно работат на чистење на одводните канали и нивно постојано одржување на територија на општина Новаци . Денеска на терен извршија увид градоначалникот Љубе Кузманоски и директорот на подружница Битолско Поле -Битола Стојан Георгиевски.