«

»

Nov 08

Јавна расправа за долгорочно задолжување за набавка на механизација

Општина Новаци организираше јавна расправа на која се расправаше за намерата на локалната самоуправа долгорочно да се задолжи во Вториот Проект за подобрување на општинските  услуги финансирана со заем од Меѓународната  банка за обнова и рaзвој – Светска  Банка за набавка на градежна механизација (скип со придружна механизација, камион-кипер и камион цистерна).Вкупниот износ на потребните средства изнесува 250 000 до  300 000 евра.

Општината средствата ги добива како долгорочно препозајмување во македонски денари по пат на склучување на договор за под-заем со Министерство за финансии под следните услови:1.рок на отплата до 13 години со вклучен грејс период до 3 години, 2.каматна стапка која е еднаква на каматата што ја плаќа Република Македонија кон Светска банка.

Градоначалникот истакна дека со набавката на градежната механизација, повече нема да се објавува тендер за зимско одржување на локални патишта и улици,тендер за чистење на дивите депонии,тендер за ангажирање на на дел од градежна механизација, исто така ова механизација ќе се користи за носење на градежни матерјали по селата за потребите на месните заедници, ќе се врши ископ на каналчиња и правење на собирници за напојување на стоката, а ќе се вршат и други градежни активности за потребите на месните заедници.

Преставниците од месните заедници ЕДНОГЛАСНО го поздравија ваквиот предлог и дадоја целосна подршка за набавка на гореспомнатата градежна механизација

 

 

Јавната расправа се одржа во општинската сала на која присуствуваа преставници од локалната самоуправа, месните заедници,  невладини организации и градоначалникот на општина Новаци,Љубе Кузманоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php