«

»

Nov 06

Транспарентен отчет за првата година од мандатот на градоначалникот Љубе Кузманоски

1 ГОДИНА -ОПШТИНА ЗА ГРАЃАНИТЕ

Пред присутните гости, советници од Советот на Општина Новаци, граѓани и медиуми, градоначалникот Љубе Кузманоски даде транспарентен отчет за реализираните проекти во изминатата година, како и проектите што се започнати и што наскоро треба да финишираат.

П Р О Е К Т И

1. ДЕТСКИ ГРАДИНКИ
Набавка и одржување на дополнителна опрема на Центар за ран детски развој ,, Бамби” с.Новаци
-626.000 ден.( Буџет на о.Новаци)-реализирано.

2. ОБРАЗОВАНИЕ
Набавка на прочистувачи за воздух
-ООУ Славко Лумбарковски и подрачни училишта

-700.000 ден.(Донација на АД ЕЛЕМ )-реализирано

3. МЛАДИ И СПОРТ
Изградба на мултифукционално игралиште во с.Д.Агларци .
– 1.960.000 ден.(Грант од Светска Банка и Буџет на О. Новаци)-реализирано.

4.ЖИВОТНА СРЕДИНА
Менаџирање со агро отпадот за загревање во руралните средини“
поддржан од Интерег програмата за меѓугранична соработка-Interreg-IPA CBC (2014-2020) .
-Општина Новаци /Општина Аминдео

-216.000 евра (Европска Унија грант и О.Новаци со 15% кофинансирање)-во фаза на реализација.

5. ХИГИЕНА

Дезинсекција , дератизација и дезинфекција на подрачјето на Општина Новаци со набавка на средства за дезинсекција и дератизација и апликација на средства за дезинсекција и дератизација -2018 година.
-110.000 ден.(Буџет на О.Новаци)-реализирано.
-последна фаза 01.10.2018г

6. ИНФРАСТРУКТУРА

*Уредување на Порој во с. Гермијан

-255.000 евра (Грант од Светска Банка)
-16.557.000 денари за реализација на проектот
-во реализација.

* Реализација на програмата за одржување на полските патишта во општина Новаци за 2018 година
-санација и одржување на веќе постоечката полска патна инфраструктура.

-4.000.000 ден.(Буџет на О.Новаци )
-реализирано

* Реализација на програмата за одржување на локалните патишта во општина Новаци за 2018 година

-санација, одржување и изградба на нови локални асфалтни патишта и улици

-6.000.000 ден.(Буџет на О.Новаци)
– реализирано и во фаза на реализација

*ИЗГРАДБА НА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА ВО С.Д. АГЛАРЦИ

– Доградба на постоечка планирана атмосферска канализација
-696.000 денари (МЖСПП И ФОНД за фосилни горива)
-во фаза на реализација

* Изградба на атмосферска канализација во с.Горно Агларци Крак 1 од врска со локална улица КП 1165/1 за КО Г.Агларци до врска со П-2340 и крак 2 од КП-1194 до врска со П-2340

– Доградба на постоечка планирана атмосферска канализација

-813.424 ден.(МЖСПП И Фонд за фосилни горива )
-во фаза на реализација

*ИЗГРАДБА НА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА ВО С. НОВАЦИ

– Доградба на постоечка планирана атмосферска канализација
-958.517 ден.(МЖСПП И Фонд за фосилни горива).
-во фаза на реализација

* Санација на потпорен ѕид и паркинг на река Коњарка-Општина Новаци

-369.568 ден.(Буџет на О.Новаци)
-реализирано

*ИЗГРАДБА НА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА ВО С. БАЧ

– Доградба на постоечка планирана атмосферска канализација
-833.666 ден.(МЖСПП И Фонд за фосилни горива)
-во реализација

*ИЗГРАДБА НА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА ВО С.ДАЛБЕГОВЦИ

– Доградба на постоечка планирана атмосферска канализација
-884.559 ден.(МЖСППИ Фонд за фосилни горива)
-во фаза на реализација

* УПОТРЕБА ,ОДРЖУВАЊЕ и РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ТРОТОАРИ ВО С.ГЕРМИЈАН-Општина Новаци

-1.330.596 ден.(Биро за развој на планските региони во Р.М)
-реализирано

* УПОТРЕБА , ОДРЖУВАЊЕ И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦА ВО С. ГРАДЕШНИЦА

-1.365.269 ден.(Биро за развој на планските региони во Р.М)
-реализирано

* Aнгажирање на градежна механизација и транспортни средства за потребите од технички интервенции за одржување на комунални објекти,локални патишта и улици на подрачјето на општина Новаци за период од 1 година.
-3.000.000 ден.(Буџет на О.Новаци за 2018г)

-реализација во тек по потреба

7. КУЛТУРА

*Изградба на спомен обележје на загинатите војници во Првата светска војна на т.н Солунски фронт- во с.Брод Општина Новаци – партерно уредување и подигање на споменик на жртвите изработен од камен

-913.000 ден.(Буџет на О.Новаци)
-реализирано

*Манифестација Културно-забавно Лето Новаци 2018

-672.000 ден.(Буџет на О.Новаци )
-60.000 ден. (Министерство за Култура )
-реализирано
8.ОПШТИНА ЗА ГРАЃАНИТЕ

* Работна средба со претставници на здруженија на граѓани , граѓани невладини организации , спортски клубови , претседатели на месни заедници од општина Новаци

– комуникација и соработка со граѓанскиот сектор , граѓаните , клубовите и претседателите на месни заедници со цел воочување на проблемите и изнаоѓање на решенија .Презентирање на моделот на отворени и услужни општини каде пред се се граѓаните .Транспарентност и отчетност .

*НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ И ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ

Здружение за мода ПИКСИ СТУДИО НОВАЦИ
-Културно-забавно Лето Новаци 2018
-672.000 ден.(Буџет на О.Новаци )
-реализирано

-Планинарско Горскоспасително друштво АВА КОТА 1050 НОВАЦИ

– кампот за обука на тимовите на општинските сили за одговор на пожари на отворен простор со завршна во с.Старавина.

– вршење на дејности и активности во планинарството,горскоспасителството,заштитата на имотите и граѓаните од сите видови на елементарни непогоди и природни катастрофи.

-1.000.000 ден.(Буџет на О.Новаци )
-реализирано

*СПОРТСКИ КЛУБОВИ

ФК НОВАЦИ 2011

ФК НОВАЦИ 2005
-младинци
-кадети
-пионери

ФК ПЕЛАГОНИЈА –ДОБРОМИРИ

МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР –ПЕЦЕ МАТИЧЕВСКИ

-4.000.000 ден.(Буџет на О.Новаци )

9.ДРУГИ ПРОЕКТИ

* Изработка на настрешница до капела и партерно уредување кај црквиче со надстрешница во с.Гермијан ,општина Новаци

-480.000 ден.(Буџет на О.Новаци)
-реализирано

* Реконструкција на влезна порта (портирница) во зградата на општината и поставување на чешма и изработка на преграда во Совет на општината

-480.260 ден.(Буџет на О.Новаци)
-реализирано

* Реконструкција на бунар и партерно уредување во с.Горно Агларци -Општина Новаци

-408.000 ден(МЖСПП И Фонд за фосилни горива).

-реализирано

* Санација на амбуланта во с.Бач-општина Новаци

– Општината во соработка со ЦЗУ Битола обезбеди средства и изврши санација на амбулантата во с. Бач согласно потребите и барањата за санација , заради итноста на ситуацијата го искористи правото да обезбеди санација до 500 евра без објава на оглас за јавна набавка ,склучувајќи договор

-30.000 ден.(Буџет на О.Новаци)
-опрема и персонал ЦЗУ-Битола
-реализирано

* Оградување на амбуланта во с.Маково ,Општина Новаци

-118.000 ден.(Буџет на О.Новаци )
-реализирано

* Реконструкција на бунар и партерно уредување во с.Долно Агларци-Општина Новаци

-623.824 ден.(МЖСПП И Фонд за фосилни горива)
-во фаза на реализација

* Изградба на водопоила во селата Рапеш и Бач-Општина Новаци

-457.268 ден.(МЖСПП И Фонд за фосилни горива)
-реализирано

* Изведба на завршни градежно-занаетчиски работи на капела во с.Новаци-Општина Новаци

-1.200.000 ден.(Буџет на О.Новаци )
-во фаза на реализација

* Набавка и транспорт на градежни материјали за период од 1 година -сукцесиивно зависно од потребите на општината

– За да излезе во пресрет општината на локалното население со набавка и транспорт на гредежни материјали на многу здруженија и црковни одбори на целата територија на општината

-3.000.000 ден.(Буџет на О.Новаци )

*МЕЃУНАРОДНИ СОРАБОТКИ
-МЕЃУОПШТИНСКА СОРАБОТКА
О.НОВАЦИ –О.КОЛОБЕЛ,Р.ФРАНЦИЈА
О.НОВАЦИ-О.ДУГИ РАТ ,Р.ХРВАТСКА
О.НОВАЦИ-О.АЈДИН,Р.ТУРЦИЈА
О.НОВАЦИ-О.КАРАЏАСУ ,Р.ТУРЦИЈА

Заедно продолжуваме напред!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php