Monthly Archive: November 2018

Nov 13

Се чистат каналите во Пелагонија

  Општина Новаци заедно со АД Водостопанство на Р.М. подружница Битолско Поле – Битола интензивно работат на чистење на одводните канали и нивно постојано одржување на територија на општина Новаци . Денеска на терен извршија увид градоначалникот Љубе Кузманоски и директорот на подружница Битолско Поле -Битола Стојан Георгиевски.

Nov 08

Јавна расправа за долгорочно задолжување за набавка на механизација

Општина Новаци организираше јавна расправа на која се расправаше за намерата на локалната самоуправа долгорочно да се задолжи во Вториот Проект за подобрување на општинските  услуги финансирана со заем од Меѓународната  банка за обнова и рaзвој – Светска  Банка за набавка на градежна механизација (скип со придружна механизација, камион-кипер и камион цистерна).Вкупниот износ на потребните средства изнесува 250 000 до  …

Continue reading »

Nov 06

Транспарентен отчет за првата година од мандатот на градоначалникот Љубе Кузманоски

1 ГОДИНА -ОПШТИНА ЗА ГРАЃАНИТЕ Пред присутните гости, советници од Советот на Општина Новаци, граѓани и медиуми, градоначалникот Љубе Кузманоски даде транспарентен отчет за реализираните проекти во изминатата година, како и проектите што се започнати и што наскоро треба да финишираат. П Р О Е К Т И

Nov 02

Ново повеќенаменско игралиште во Долно Агларци

Со грант од Светска банка од Кредитот за одржување и реконструкција на уличното осветлување, општина Новаци го изгради новото повеќенаменско игралиште во село Долно Агларци. Ваквите објекти се од голема важност за младата популација заради реализација на разни спортско рекреативните активности кои се особено значајни за здрав психофизички развој.

Nov 01

Жителите на Гермијан добија нови тротоари, партерно и настрешница

На барање на жителите на село Гермијан изградени се нови тротоари и пешачки зони заради безбедно движење на жителите на ова населено место. Исто така направено е и комплетно ново партерно уредување и настрешница во  манастирчето Рождество на Пресвета Богородица. Средствата за овие проекти се обезбедени дел од Бирото за развој на планските региони во …

Continue reading »

css.php