«

»

Oct 10

Одбележана Светската недела на децата

ООУ Славко Лумбарковски ја одбележа Детската недела и организираше свечен прием на првачињата во Детската организација.

Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија во соработка со Министерството за труд и социјална политика , секоја година , веќе неколку децении е носител на активностите поврзани со ДЕТСКАТА НЕДЕЛА во Р. Македонија , која се одбележува во сиет држави членки на ООН во првата половина од месецот октомври.
За оваа година мотото врз која база ќе биде водена манифестацијата Детска недела е – ГРАДИМЕ МОСТОВИ , ЧЕКОРИМЕ НАПРЕД!.

Во текот на целата недела учениците од ООУ Славко Лумбарковски имаја повеќе активности со цел одбележување на Детската недела .

А денес 10.10.2018 г на ден пред големиот државен празник 11 октомври беше организиран и свечен прием на првачињата во Детската организација каде при културно уметничката програма дадоа свечено ветување и положија свежо цвеќе пред бистата на Славко Лумбарковски .

На овој настан присуствуваше и градоначалникот на Општина Новаци кој ги поздрави сите ученици поготово најмалите, првачињата, честитајќи им го приемот во Детската организација .

“Децата се нашата гордост , нашата радост и нашата иднина .Сите деца имаат еднакви права и на сите треба да им се даде неопходната поддршка и грижа , да им се обезбеди квалитетен и ефикасен образовен систем и да им се овозможат еднакви можности ” истакна градоначалникот Кузманоски.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php