Monthly Archive: October 2018

Oct 15

„Волшебната шума“ на театарот Колозов во Новаци

Дечињата од одделенска настава во ЦОУ „Славко Лумбарковски“ од Новаци денeска присуствуваа на детската претстава „ Волшебна приказна“ која ја изведе театарот „ Колозов“.Проектот е насловен прикажување на театарски претстави во рурални средини.

Oct 15

По 18-ти пат се одржаа Пелагониските културно-научни средби во Општина Новаци

Традиционално по 18-ти пат општина Новаци беше домаќин на Пелагониските културно-научни средби кои денес се одржаа во просториите на ООУ Славко Лумбарковски во Новаци . Организатор на овие средби е здружението пелагониски културно-научни средби при општина Новаци а покровител е Општина Новаци и градоначалникот Љубе Кузманоски . 

Oct 10

Одбележана Светската недела на децата

ООУ Славко Лумбарковски ја одбележа Детската недела и организираше свечен прием на првачињата во Детската организација. Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија во соработка со Министерството за труд и социјална политика , секоја година , веќе неколку децении е носител на активностите поврзани со ДЕТСКАТА НЕДЕЛА во Р. Македонија , која се …

Continue reading »

Oct 09

Јавен повик

Се известуваат сите заинтересирани млади лица, невладини организации, здруженија на млади, ученички совети, студентски совети и регистрирани облици на организирање на младите кои сакаат активно да даваат предлози, мислења, да соработуваат со Советот на општина Новаци и активно да се вклучат во јавниот живот на општината, да конкурираат на следниот ПОВИК.

Oct 05

Одбележан Европскиот ден на соработката

  Општина Новаци како корисник на средства од Интерег Програмата за прекугранична соработка Македонија Грција 2017-2020 во соработка со АПРЗ денеска го одбележаа Европскиот ден на соработката. Двата партнери го реализираат проектот „ Одржливо менаџирање на агро отпадот за загревање на руралните области Agrowchain“ во соработка со три организации од соседна Грција.

css.php