«

»

Sep 26

Пратеникот Кирацовски во работна посета на општина Новаци

Денес работна посета на Општина Новаци оствари пратеникот Александар Кирацовски кој оствари средба со градоначалникот Љубе Кузманоски .На средбата се разговараше за досега реализираните мерки и проекти , за идните предизвици , особено во делот на инфраструктурата , обезбедувањето на чиста и здрава животна средина преку изградба на соодветни канализациски и водоводни мрежи ,подобрување на комуналните дејности и услуги, обезбедување нови инвестиции и конкретни мерки што ќе обезбедат стабилен локален економски развој . 
Кирацовски се осврна на мерките кои носат напредок , развој , просперитет и иднина. Општина Новаци има капацитет има можности ,плодно земјиште , ресурси кои треба да се искористат правилно и со помош на фондовите што ги нуди Европската Унија да се создадат одлични услови за живот . 
На денешната средба голем акцент се стави на придобивките од членството во Нато и ЕУ .Најголем бенефит ќе имаат земјоделците ,ќе се обезбеди полесен пласман , ќе растат приходите , повеќе пари за механизација и повисоки субвенции .

“Тука сме за граѓаните , да им служиме , да ги решаваме проблемите , да водиме напред кон иднината .Да ги мотивираме вработените во здравството , образованието и администрацијата преку зголемување на платите и нивно усовршување и унапредување.Тука сме да зборуваме за мерките кои носат напредок , развој и создаваат напредни и економски стабилни општини во кои ќе се живее пристојно ” – истакна Кирацовски од денешната посета на Новаци

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php