«

»

Sep 13

Градоначалникот Кузманоски на средба со НВО секторот

Градоначалникот Љубе Кузманоски денеска одржа работна средба со претставници на здруженија на граѓани , невладини организации, фудбалски клубови , пензионерски клубови како и со претседателите на месни заедници од Општина Новаци .
Во фокусот на овој состанок е континуираната финансиска поддршка од старана на општината кон здруженијата , невладините организации , клубови како и проблемите со кои тие се соочуваат . Општината има слух за сите барања , предлози , иницијативи од нивна страна кои придонесуваат за подобрување на условите и квалитетот на живот на сите граѓани . Општина Новаци и советот ги поддржуваат сите програмски активности што придонесуваат за локален економски , културен и социолошки развој на Општината .Градоначалникот ја претстави својата визија и начинот за работа со здруженијата ,организациите и клубовите .Ја имаат целосната поддршка и помош , вратите на општината се отворени за добра соработка .Со претседателите на месните заедници се разговараше за улогата и функцијата на месните заедници како тие треба да функционираат кога се во прашање интересите на граѓаните . Да ги акумулираат проблемите , недостатоците , потребите на локалното население и да ги соопштуваат во надлежната институција -општината за брзо решавање . Состаноци од ваков вид ќе има почесто со цел по ефикасно лоцирање на проблемите и недостатоците и нивно ефикасно решавање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php