«

»

Sep 11

Жителите на с.Горно Агларци добиваат нов уреден простор

Започнаа градежните  активности околу реконструкцијата на постоечкиот бунар во село Горно Агларци. Покрај новиот бунар жителите ќе добијат и партерно уредување со модерно хортикултурно уреден простор.

„Започнаа подготвителните работи околу расчистување на теренот и започнување на градежните работи. Просторот ќе биде и партерно уреден. Вкупната инвестиција е во вредност од 480.000 денари а средства се обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање по договор за обезбедување средства од фосилни горива.“ рече Љубе Кузманоски, градоначалник на општина Новаци.

Изведувач е фирмата ДООЕЛ СКИПИ -Битола

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php