«

»

Sep 06

Министерот за здравство Венко Филипче во посета на Општина Новаци

Министерот за здравство Венко Филипче при неговата посета на Општина Новаци оствари средба со градоначалникот на Општина Новаци Љубе Кузмановски како и со медицинскиот персонал од ПЗУ Д-р Даскал во Новаци .
Целта на посетата е согледување на можностите за подобрување на медицинските услуги за пациентите и квалитетот на здравствената заштита .Министерот најави неколку модели кои се практикуваат во развиените земји како што е мобилен патронажен сервис на домашна посета како и моделот на мобилна аптека пристапен до секое населено место . 
Со грановите и финансиската поддршка наменети за здравството кои ги добива Македонија од фондовите на Унијата кои по зачленувањето во ЕУ ќе се зголемуваат повеќекратно ќе значат севкупно подобрување на условите во здравствениот ситем кој ќе фунционира по највисоки стандарди .
Министерот Филипче ја поздрави одлуката на Општината и градоначалникот село Бач по 13 години да добие амбуланта со доктор и медицинска сестра што комплетно шест села со над 600 жители ќе имаат редовни здравствени услуги и заштита.

“За две недели ќе биде отворена амбулантата, инфраструктурата веќе е спремна. Последно доктор во општината Бач имаше во 2005 година кога таа како Општина згасна и беше приклучена кон Општина Новаци и оттогаш тие шест населени места со околу 600 жители немаа доктор. Сега ќе има амбуланта, доктор и медицинска сестра. Дали тоа ќе биде ден, два или три неделно, зависи од потребите на месното население“, рече градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузманоски.
Поради големиот одлив на квалитетен медицински кадар во стравство , министерот најави и изготвување на стратегија која вклучува набавка на современа медицинска опрема , повисоки плати , стручно усовршување на персоналот и тн.

“Недостасуваат огромен број на лекари и медицински сестри. Токму за време на посетата на амбулантата во Новаци разговаравме како да направиме стратегија населението да не остане брз здравствена заштита зашто ситуацијата може да биде дополнително полоша во периодот кој следува оти голем број на доктори дополнително ќе заминуваат во пензија. Направени се тимови со Фондот за здравствена заштита и се разгледуваат неколку модели. Наскоро ќе кажеме кој модел ќе биде имплементиран“, истакна Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека состојбите во амбулантите посебно во руралните средини е лоша зашто има дефицит на медицински кадар. Со медицинскиот тим од Амбулантата во Новаци разговараа за изнаоѓање на решенија за излез од ситуацијата.

Тој најави дека мобилни медицински тимови ќе ги посетуваат амбулантите во руралните средини каде жителите ќе можат да добијат лекарска грижа неколкупати неделно.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php