Monthly Archive: September 2018

Sep 28

Теренска посета на градежните активности во Гермијан

Заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески, градоначалникот на општина Новаци, Љубе Кузманоски и раководителот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион Гого Видимче направија увид на градежните активности во с. Гермијан каде се гради улица и се поставуваат тротоари.

Sep 27

Бач по 13 години доби амбуланта

  Баба Стефана Дилева која има осудесетина години потпирајќи се на бастунот денес со голема надеж го пречека медицинскиот тим кој ќе работи во амбулантата во Бач, општина Новаци, што се отвори по 13 години за да им пружа подобра здравствена заштита на населението.

Sep 26

Пратеникот Кирацовски во работна посета на општина Новаци

Денес работна посета на Општина Новаци оствари пратеникот Александар Кирацовски кој оствари средба со градоначалникот Љубе Кузманоски .На средбата се разговараше за досега реализираните мерки и проекти , за идните предизвици , особено во делот на инфраструктурата , обезбедувањето на чиста и здрава животна средина преку изградба на соодветни канализациски и водоводни мрежи ,подобрување на …

Continue reading »

Sep 21

Рождество на Пресвета Богородица во Новаци

Со молитви пред иконата на Богородица, богослужбa, света божествена литургија и со голем народен собир мноштвото православни христијански верници го слават раѓањето на Мајката Божја, односно Мала Богородица.

Sep 19

Советот на Општина Новаци ја оддржа 18 тата седница

По усвојување на записникот од 17-та седница ,советот на општина Новаци  го разгледа и усвои дневниот ред  со 15 тина  точки и доплнување од 7 точки Советот најпрво ја усвои  Одлука за учество на општина Новаци во реализација на Основен проект-Реконструкција на доводен цевковод од 5-те чешми(833.974,00 денари). Советниците едногласно  усвоија неколку Решенија и тоа:

Sep 19

” Мариовскиот органски мед ” доби сребрен медал на АГРА 2018 , Словенија

Менде Трајковски пчелар од с.Маково ,Општина Новаци за „Мариовскиот органски мед “ освои сребрен медал на Меѓународниот саем за храна и земјоделство АГРА 2018 што се одржа во Словенија. Наградата ја освои во силна конкуренција од 147 примероци на мед од Европа и пошироко. Ова признание има уште поголемо значење ако се има предвид фактот …

Continue reading »

Sep 17

Џип екскурзија по повод 100 години од “Битката за пробојот на Добро Поле“

По повод 100 годишнината од битката на Добро поле, градоначалникот на општина Новаци, Љубе Кузманоски беше покровител на еднодневната екскурзија со џипови на која присуствуваше францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние. Настанот беше збогатен со поставување на споменик на карпата кај Добро поле при што беше оставена француска земја од рововите од Верден. Споемникот е …

Continue reading »

Sep 14

Министерот Сугарески во работна посета на Општина Новаци

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески заедно со директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов при работната посета на Општина Новаци направија увид на регионалниот пат Битола -Новаци . Завршена е рехабилитацијата на регионалниот пат Новаци-Битола, инвестиција од околу милион евра, обезбедени преку Јавното претпријатие за државни патишта.

Sep 13

Градоначалникот Кузманоски на средба со НВО секторот

Градоначалникот Љубе Кузманоски денеска одржа работна средба со претставници на здруженија на граѓани , невладини организации, фудбалски клубови , пензионерски клубови како и со претседателите на месни заедници од Општина Новаци .

Sep 11

Жителите на с.Горно Агларци добиваат нов уреден простор

Започнаа градежните  активности околу реконструкцијата на постоечкиот бунар во село Горно Агларци. Покрај новиот бунар жителите ќе добијат и партерно уредување со модерно хортикултурно уреден простор.

Older posts «

css.php