«

»

Aug 24

Советот на општина Новаци ја одржа 17 тата седница

 

По усвојувањето на записникот од претходната седница советот на општина Новаци го разгледа и усвои дневниот ред на кој се најдоа 15 тина точки.

Најпрво се донесоа неколку одлуки за утврдување на приоритет на проекти и тоа: Основен проект за линиска инфраструктурна градба за реконструкција на локален пат до н.м Тепавци), за давање согласнос за намената на инвестицијата – Основен проект  за линиска инфраструктурна градба за реконструкција на локален пат до н.м Тепавци, одлука за сопствено учество на општина Новаци при аплицирање со проект(Основен проект  за линиска инфраструктурна градба за реконструкција на локален пат до н.м Тепавци). Исто така беше донесена одлука за утврдување на приоритет на проект(Основен проект Изградба на локален пат-Врска Рег.Пат Р 511 Крстосница-с.Старавина-с.Будимирци- Крак за манастирот Св Атанас) и одлука за давањесогласност за намената и за сопствено учество на општина Новаци за горенаведениот проект.

Советниците донесоа и одлука за утврдување на приоритет , согласност за намена и сопствено учество за проект(Изработка на Урбанистички планови за селата:Новаци, Живојно, Гермијан, Рибарци, Градешница и Будимирци).

На денешната седница советниците донесоа и неколку предлог одлуки и тоа: за утврдување и обележување места за истакнување на паноа, билборди и плакати за Референдумот 2018 година, за вклопување на бесправно изграден објект во идна урбанистичко-планска документација(Петко Богдановски од Битола)и го разгледаа барањето од Црковен одбор с.Живојно за одобрување на градежни матерјали за потребите на манастирот Св.Илија.

 

Како останати точки на денешниот дневен ред кои се разгелдаа и усвоија се и:.Прераспределување на средства во буџетот за 2018(Донаторска сметка, .Измени на одлуката за доделување на средства на ЈКП Комунална Хигиена, .Барање од Котевски Иванчо за разрешување од комисии и одбори, барање од Методија Кочовски од с,Гнеотино (регулација на протокот на вода под асфалтот во селото) и барање за спроведување на обврски од меморандум за соработка од центар за обука и едукација за заштита од пожари ПЕГАЗ-ЕДУ-Битола.

Како дополнување на денешната седница се разгледаа и барањата на КУД Новаци за средства за патување, за финансиска помош за физички лиза, за Здружението Офф роуд и ФК Новаци за финансиски средаства за потребите на клубот.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php