«

»

Aug 20

Со Фестивал Избор на летен фолк-хит на Македонија затворено Културно лето Новаци 2018

Со Фестивал Избор на летен фолк-хит на Македонија заврши Културно-забавно Лето Новаци 2018. Повеќе од 1000 посетители го овековечија затворањето на Културно-забавно Лето Новаци 2018 во дворот на Општина Новаци .
Настапија повеќе естрадни уметници со свои авторски песни како и неколку музички групи , а многубројната публика гласаше за три хит песни. Според гласовите на публиката најмногу гласови во категоријата пејач освои Благојче Стојановски-Туше , во категоријата пејачка гласовите од публиката ги освои Елена Јовческа а во категоријата музичка група , група Милениум .
Завршниот настан освен со музичкиот фестивал беше збогатена и со хумористично шоу во изведба на популарните Солза и Смеа , изложба на фотографии со мотиви од Општина Новаци со хуманитарен карактер и хуманитарна лотарија.
Спектакуларното затворање на Културното лето уште еднаш го потврди успешното организирање и реализирање на истото.
На 5 локации во Општина Новаци( Новаци-Добромири –Далбеговци-Живојно-Градешница) годинава повеќе од 4000 посетители ги посетија вкупно 15-те културни настани .Повеќе од 20000 луѓе ги посетиле објавите од културните настани на социјалните мрежи .
Градоначалникот на Општина Новаци Љубе Кузманоски го затвори овогодинешното издание на Културно-забавно Лето Новаци 2018.
“ Како локална самоуправа се надеваме дека со богатиот репертоар на културни настани го подигнавме нивото на културно живеење на граѓаните на О. Новаци. Општината и советот како покровители на манифестацијата даваат силна поддршка ќе продолжат и во иднина финансиски да го поддржуваат Културното Лето , во интерес на граѓаните .Се надеваме дека оваа манифестација ќе постане своевиден бренд кој секое лето ќе придонесува за културно освежување и можност граѓаните токму во своето место на живеење да доживеат една поинаква културна манифестација. Воедно овозможивме и рамномерен локален културен развој .Богатата и разновидна програма допре на секаде и до секого дури и до граѓаните во најоддалечените населени места и го промовиравме мотото на Министерството за култура –култура до сите и за сите .Во двомесечната културна програма организаторите се потрудија да ги задоволат вкусовите на сите генерации на граѓани што дава поттик традицијата на одржување да продолжи и во иднина ”-истакна Градоначалникот Кузманоски.
Манифестацијата Културно-забавно Лето Новаци 2018 имаше забавен карактер , афирмираше млади таленти , се залагаше за зачувување на македонските културни вредности , традиција и обичаи како и зачувување на македонскиот етно мелос од заборав.
Благодарност до сите инволвирани во успешната реализација на Културното лето , посебно до тимот на Пикси студио , комисијата за реализација на Културното лето , спонзорите Стентон градба , БВ инженеринг , Кромберг и Шуберт , Пелистерка , Гермина , ЕЛ-ИВ ТРЕЈД НОВАЦИ , Вила виста , Корзо .
Посебна благодарност до директорот на ЈП “Комунална Хигиена ”-Новаци г-дин Борче Јовановски и вработените за континуираната поддршка за време на реализацијата на сите настани

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php