«

»

Aug 07

Културна вечер посветена на македонските песни и ора

Во рамките на Културно-забавно Лето Новаци 2018 се одржаа Пелагониските културно-уметнички средби во Дворот на Општина Новаци ,летната сцена во с.Добромири како и на сред село во с.Далбеговци.
Заради експанзија на културните настани и промоција на мотото на Министерството за култура “Култура до сите и за сите” ,граѓаните на Добромири ,Новаци и Далбеговци имаа можност да го проследат овој несекојдневен настан токму во нивното место на живеење. Со свои сплетови на ора и песни настапија шест културно -уметнички друштва и ансамбли и тоа :Фолклорен Ансамбл “Плетенка ” , Ансамбл за фолклор “Гоце Делчев” двете од Битола, Фолклорен ансамбл “Стив Наумов” од Логоварди, КУД “Новаци ” од Новаци, КУД “Илинден” од Демир Хисар и КУД ” Мирче Ацев” од Тополчани. Настанот бее збогатен и со настапот на пеачката група “Преродба” од Прилеп кои се претставија со македонски изворни песни .
Истовремено се играше и пееше и во Добромири и во Далбеговци а централната манифестација на овие средби се одржа во Дворот на Општина Новаци.
Амбиентот стана поубав и побогат со штандовите на здружението на жени пензионери “Силата на Бабата” од Новаци кои пред многубројните гости се претставија со традиционална вкусна храна карактеристична за поднебјето на Општина Новаци ,каде гостите имаја можност и да дегустираат.

Со свој штанд се претставија и Организација на жени од Битола презентирајќи рачно изработени ракотворби со мотиви од Битола.
Организаторите задоволни од реализацијата и посетеноста на настанот со кој се негува традицијата , македонската песна ,ора и носија .
До крајот на Културно-забавно Лето Новаци 2018 преостануваат уште 4 културни настани .
Следен настан е на 10-ти Август со Концерт За мојот крај на Татјана Лазаревска во с.Живојно во 21ч .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php