«

»

Aug 03

Советот на општина Новаци ја одржа 15-тата седница

По усвојувањето на записникот од претходната седница сиоветниците го разгледаа и усвоија дневниот ред на 15 тата седница на која имаше десет точки на дневен ред.

Најпрво се донесе предлог одлука за измена на распоредот на средствата на буџетот на општина Новаци за 2018 година, потоа следеше донесување на две одлуки за вклопување на бесправно изградени објекти во идна урбанистичка планска документација за Горно Агларци и Новаци.

Советниците ги разгледаа двете барања од МЗ на с. Зович и го усвоија еднот за одобрување на градежни материјали ( две цевки Ф 400 – 6 метри должина) додека другото барање за градежни материјали ?( бехатон плочки) го оставија за разгледување на наредна седница.

На седницата беше донесена одлука за сопствено учество на општина Новаци во програмата за општинско корисна работа „Учиме заедно II“, беа усвоени предлог измените за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Новаци за 2018 година, предлог одлуките за имплементација и аплицирање како и за финансиско учество во Вториот повик од „Локална и регионална конкурентност“ LRCP -1/18.

Советниците го разгледаа барањето на ЈКП Комунална хигиена Новаци за кредит заради реализација на проект од ИПА програмата за прекугранична соработка Македонија Грција 2014-2020 и барањето на ЗФК Новаци 2005 за одобрување на финансиски средства за натпреварување во трета Македонска фудбалска лига за 2018/2019 година (есенски дел).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php