«

»

Jul 26

Градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузманоски е во официјална посета на град Ајдин, Турција

На покана на градоначалничката на Град Ајдин, Озлем Черчиоглу и Здружението на иселениците од Македонија во Ајдин, градоначалникот на оштина Новаци  Љубе Кузманоски е во официјална посета на Република Турција.

Градоначалникот во рамките на работната посета, оствари средба со раководителите од општина Ајдин со кои што разговараа за меѓуопштинска соработка во делот на образованието, културата и туризмот.

Во текот на посетата Кузманоски оствари средба со градоначалникот на Општина Караџасу, Мустафа Бујукјапиџи на која што средба беше договорено збратимување на општината и заедничка соработка и реализација на проектни активности.

„Македонија развива добрососедски и братски односи со Турција, иселениците од Македонија во Турција и турците во Македонија се мостовите на братство меѓу двата народа и двете држави. Сакаме и натаму да ги развиваме и унапредуваме односите меѓу двата народа и двете земји, како придонес во билатералните односи и во продлабочувањето на мирот и безбедноста во регионот и овој дел од светот и Европа.“ – изјави Љубе Кузманоски, градоначалник на општина Новаци.

Во рамките на посетата градоначалникот на општина Новаци имаше можност да го посети туристичкото место Памуккале, како и познатата Саат кула во градот Измир.

Наредните денови според протоколот, градоначалникот на оштина Новаци ќе оствари средба со градоначалничката на Градот Ајдин, Озлем Черчиоглу како и со градоначалници на оштини кои што спаѓаат под Град Ајдин. Исто така ќе се одржи состанок со лица од бизнис секторот пред кои што ќе бидат презентирани можностите за инвестирање во општина Новаци.

Градоначалникот Кузманоски во посета на Турција е заедно со нејзината колешка од Могила, Јасмина Гулевска. Во рамките на посетата градоначалниците присуствува на 18. фолклорен и музички фестивал кои што го организираат иселениците од Македонија во Турција, и истиот се одржа во туристичкото место Кушадаси и градот Ајдин.

Градоначалниците на Новаци и Могила заедно со претседателот на Здружението на меѓународна младинска соработка Интерактив од Битола добија највисоки признанија кои им ги врачија од Здружението на иселениците од Македонија во градот Ајдин за успешна меѓуопштинска соработка и збратимување на македонските со турски општини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php