«

»

Jul 22

Фолклорната пеачка група Зорница од Варна со концерт во Новаци

Во рамките на Културно -забавно Лето Новаци 2018 настапи фолклорната пеачка група Зорница од Варна , Р. Бугарија .

Пред публиката се претставија со автентични народни костими и автентични изворни песни карактеристични за регионот на Варна . Пеачката група постои од 2004 година и бележи многубројни признанија , награди и освоени места на домашна и на меѓународна сцена.
До крајот на овогодинепната манифестација Културно забавно лето Новаци 2018 има уште многу настани и тоа: модна ревија за деца и млади, песнички од детскиот фестивал Тра ла ла, Етно илинденски концерт, пелагонсики културно уметнички средби, концерт на Татјана Лазаревска со наслов „ За мојот роден крај“, концерт на Трио гитари, хуманитарна изложба на слики „Убавините на општина Новаци“, документарен филм за Новаци и Фестивал „Летен хит на Македонија 2018 кој ќе се одржи во Манастирот Рождество на Пресвета Богородица во Новаци со кој ќе биди  затворено овогодинешното Културно забавно лето 2018.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php