«

»

Jul 20

Советот на општина Новаци ја одржа 15-тата седница

Советот на општина Новаци ја одржа 15-тата седница втора во емсец јули на кој расправаа за 10 тина точки на дневен ред.

Вообичаено по усвојувањето на записникот се усвои кварталниот извештај за извршување на буџетот за општина Новаци за извештајниот период од 01.01 2018 година до 30.06.2018 година, потоа планот за измена и дополнување на годишниот план за јавни набавки на општина Новаци за 2018 година-Јули 2018 година и годишниот извештај за работа на училиштето ОУ,, Славко Лумбарковски,,-Новаци за учебната 2017/2018 година.

Советот на општина Новаци ги разгледа барањата на неколку физички лица и тоа за еднократна парична помош за лекување, за донирање на градежни материјали за изградба на храм Успение на Пресвета Богородица во с.Канатларци, реконструкција на манастирот Св.Архангрл и Михаил во с.Тепавци. и набавка на градежни материјали за  црквата Св.Атанасиј Велики .

 

Советниците го разгледаа барањрто на одобрување на финансиски средаства за организирање на Културно уметничко друштво Новаци од Новаци ангажирање на кореограф, и одлука за одобрување на финансиски средтва на родители на деца запишани во 1 во одделение во ОУ,,Славко Лумбарковсаки,, Новаци и подрачните училишта.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php