«

»

Jun 04

Министерот за информатичко општество Манчевски во посета на општина Новаци

Министерот за Информатичко општество и администрација г-дин Дамјан Манчевски при посетата на Новаци оствари средба со градоначалниот Љубе Кузманоски и граѓаните на Општина Новаци .

На средбата со граѓаните се разговараше за досегашните реформи спроведени од Владата предводена од СДСМ . Поголем акцент се даде на она што е направено во изминатиот период но и на она што претстои во иднина како клучни проекти и активности предвидени во програмата коишто значително ќе го подобрат квалитетот на живот на сите граѓани од Општина Новаци.

Земјоделците задоволни од мерките од програмата на Владата во делот на навремената исплата на субвенциите за 2016 и 2017 година и воведувањето на зелената нафта .За прв пат граѓаните добија навремени и зголемени субвенции за тутун.Позитивни ефекти добиваат граѓаните од зголемената минимална плата од 12000 денари .Преку 90.000 граѓани денес добиваат поголема плата.Се вложуваат напори до 2019 год. да биде воведена социјална односно државна пензија .Граѓаните заштедија 11.4 милиони евра од ефтината тарифа на струјата а дополнително 12.4милиони евра со укинување на радиодифузната такса.Владата има слух за сите барања и потреби на граѓаните затоа што чест и обврска е да се работи за доброто на граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php