«

»

Apr 04

Советот на Општина Новаци ја одржа 8 –та седница

На осмата по ред седница на советот на општина Новаци , беа разгледани и донесени следните одлуки одлуки, извештаи, планови  и барања:

 

1.Советот на Општина Новаци ја усвои  Предлог-Одлуката за вклопување на бесправно изграден објект во идна урбанистичко-планска документација(Ѓоргиевски Дејан с.Бач)

Советот ги усвои и следниве барања:

2.Барање од МЗ с.Рапеш за изградба на водопоилки за напојување на овци.

3.Барање од МЗ с.Бач за изготвување на проект за изградба на спортско игралиште за мал фудбал, со трева

4.Барање од МЗ с.Бач за партерно уредување и поставување на бекатон плочки кај црквата мала Богородица и кај базенот во црковниот двор

5.Барање од Николовски Сашо с.Новаци за одобрување на еднократна парична помош за лекување на неговата ќерка Емилија Николовска

6.Барање за одобрување на градежни матерјали од црковниот одбор на манастирот Св Атанасиј Велики с.Старавина

7.Барање од црковен одбор Св.Михаил Архангел с.Маково за набавка на градежни матерјали

8.Барање од Горскоспасително Друштво АВА КОТА 1050 Новаци за финансиска подршка.

9.Барање од Менде Велјановски од Добромири за одобрување на финансиски средства за лекување

 

9..Барање од Здружение за европска интеграција,,Европска Гледна Точка,, Битола за одобрување на финансиски средства за реализација на проект.

10.Усвоено е барањето  од Владо Стефановски с.Живојно, за одобрување на еднократна парична помош за направена штета од волци(угинато 38 овци)

11.Барање од Здружение на граѓани  за еколошко и просторно уредување и развиј НОВАК 2014 Новаци ,за одобрување на финансиски средства за реализација на проект.

12.Барање од МЗ с.Д.Агларци за одобрување набавка на градежни матерјали(одводни цевки Ф-300 5парчиња по 4м, 1 спојка за Ф-300, Ф-500 4 парчиња по 4м)

 

13.Усвоено е  Барањето  од Еколошкото друштво Кајмакчалан с.Маково, за одобрување на средства за реализација на проект калемење на круши-горници

14.Барање од Здружение на пензионерите с.Новаци(Силата на бабата) одобрување на средства за обезбедување на превоз за еднодневно патување во месец април 2018 година

15.Барање од ЗФК Пелагонија с.Добромири за одобрување набавка на градежни матерјали

16.Барање од Марковски Петар од с.Гермијан за доделување на финансиска помош за учесво во државно првенство во кик бокс.

Советот ги усвои и следните предлог-одлуки:

 

17.Советот  ја усвои  Предлог-Одлука за вклопување на бесправно изграден објект во идна урбанистичко-планска документација(Димовски Блаже Битола)

18.Советот  ја усвои  Предлог-Одлука за вклопување на бесправно изграден објект во идна урбанистичко-планска документација(Димовски Стојан Битола)

 

19.Советот на Општина Новаци го усвои  Планот за измена и дополнување на Годишниот план за јавни набавки на општина Новаци за 2018 година.

20.Едногласно советот ја донесе Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општина Новаци и општина Битола

21.Советот ја усвои Измената  на Програма за изградба,реконструкција и одржување налокалните патишта и улици во општина Новаци за 2017 година.

22.Советот го усвои Извештајот  Преглед за реализација на Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици во општина Новаци за 2017 година.

23.Советот  ја усвои Одлуката  за проширување на средства на Буџетот на општина Новаци за 2018 година

24.Советот го усвои и Планот  за вработување во општина Новаци планирани нови вработувања во општина Новаци

25.Одлука за формирање на Совет за јавно здравје

26.Oдлука за одобрување на средства за згрижување на кучињата скитници

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php