«

»

Mar 27

Турски инвеститори заинтересирани за вложување во општина Новаци

Турски инвеститори кои се заинтересирани за вложување во општина Новаци денеска остварија средба со градоначалникот Љубе Кузманоски на која се информираа за условите и начините на кои можат да ја реализираат својата бизнис идеја.

„ Денеска остварив средба со турска делегација од општина Сакарија која се наоѓа на 100-тина километри од Истанбул. Станува збор за инвеститори кои членуваат во здружение на земјоделци. Имено станува збор за претставници од една фирма кои сакаат да закупат 8-10 хектари во индустриската зона во која ќе донесат да работат уште 10-тина други фирми. Заинтересирани се за отворање на гума и каучук, засадување на лешници и ореови плантажи. Јас ги информирав дека во тек е постапката за профункционирање на индустриската зона затоа што е променета локацијата, треба да се направи инфраструктура, и сл па од тие причини реално оваа нивна идеја може да започне да се реализира од следната година. “ вели градоначалникот на општина Новаци, Љубе Кузманоски.

Турски инвеститори и во минатото биле заинтересирани за инвестирање во Општина Новаци.  Во неколку наврати доаѓале бизнис делегации од општина Измир кои беа заинтересирани за откуп од 500 до 1000 хектари земјоделско земјиште за изградба на плантажи за ореви,бадеми,лешници и костени. За таков вид на земјоделски култури интерес пројавуваа и италијански инвеститори.

Од општина Новаци велат дека ова се само првични контакти кои понатаму ќе се негуваат се до овозможување на услови за реализација на оваа инвестиција која ке отвори нови работни места и локален економски развој.Не е исклучена можноста и од збратимување на општина Новаци со сродна турска општина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php