«

»

Mar 19

Општина Новаци дел од француско балканската конференција во Дижон

Во рамките на Француско-Балканската соработка ,градоначалникот на Општина Новаци Љубе Кузманоски како учесник на истата имеше свое обраќање . Интернационалната француско балканска конференција  се одржа во Дижон -Франција од 16-17 март 2018 година.

Градоначалникот Кузманоски во своето обраќање говореше на тема : Прва светска војна ,источен фронт и соработката со Долна Нормандија односно општина Коломбел.

„ Соработката на Општина Новаци со Нормандија започна од 2008 година со цел размена на знаења и искуства за развој на алтернативниот туризам и поттикнување на меѓународната соработка на двете територии. Потоа продолжи со проект за валоризација и попис на културното наследство од   Прва светска војна на територијата на општина Новаци со основна цел развој на меморијалниот туризам. “ рече Кузманоски.

На овој меѓународен настан посебен осврт беше ставен на соработката помеѓу Нормандија и Македонија која беше претставена од градоначалнициуте на Новаци и Коломбел, Љубе Кузманоски и Марк Потје.

„ Минатата година во општина Коломбел, Франција по повод 99 години од завршувањето на Прва светска војна,  градоначалниците на четирите општини: Штајнхем (Германија), Новаци (Македонија), Коломбел (Франција) и Корнака (Нигер) поставија споменик на кој се изгравирани имињата на загинатите војници од сите четири земји а се бореле на Источниот фронт. Одличните искуства од нашата меѓународна соработката  до сега, треба да претставуваат пример и за другите земји од регионот да ги искористат можностите и просторот кој го имаат за да остварат слични соработки со што би го поттикнале локалниот економски развој но нивната соработка би имала и поширок ефект врз регионот. “  рече Кузманоски.

Меѓународната средба помеѓу Франција и Балканот беше предводена од Асоцијацијата на областа Виши Оверњ а поддржана од Министерството на Европа и надворешни работи на Франција а на покана на градот Дижон. Првиот дел од средбата беше посветен на европската иднина на земјите од Западен Балкан а потоа се направи преглед и вреднување на спроведените активности и проекти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php