Monthly Archive: March 2018

Mar 30

Општина Новаци прослави 22 годинa постоење

Општина Новаци денеска прослави 22 годинa  успешна работа и опстојување. Празнувањата започнаа со положување на свежо цвеќе пред споменикот на народниот херој Славко Лумбарковски во истоименото централно училиште коe пак го празнува патрониот празник.

Mar 27

Турски инвеститори заинтересирани за вложување во општина Новаци

Турски инвеститори кои се заинтересирани за вложување во општина Новаци денеска остварија средба со градоначалникот Љубе Кузманоски на која се информираа за условите и начините на кои можат да ја реализираат својата бизнис идеја.

Mar 26

Второ место на манифестацијата “Зелникот на Баба” за пензионерката Вера Котевска од Новаци

Жените од Пензионерскиот Клуб “Силата на Бабата” од Новаци учествуваја на манифестацијата “Зелникот на Баба” која се одржа во Пробиштип седма по ред по повод денот на пролетта.

Mar 22

Едукативно предавање на тема Дијабет во општина Новаци

Во организација на Лајонс клуб Хераклеа во салата на советот на општина Новаци се одржа едукативно предавање на тема: Дијабет ,подигнување на свеста за дијбетесот ,можните копликации и негова превенција.

Mar 20

Делегација од  Советот и општина Новаци на посета на збратимената хрвaтска општина Дуги Рат

Делегација на Советот и општина Новаци присуствува на прославата на Св.Јосип, свечената седница и денот на збратимената општина Дуги Рат, Хрватска, која годинава прославува 25 години постоење.

Mar 19

Општина Новаци дел од француско балканската конференција во Дижон

Во рамките на Француско-Балканската соработка ,градоначалникот на Општина Новаци Љубе Кузманоски како учесник на истата имеше свое обраќање . Интернационалната француско балканска конференција  се одржа во Дижон -Франција од 16-17 март 2018 година.

Mar 12

Советот на општина Новаци ја одржа седмата седница

    Советот на општина Новаци денеска имаше полни раце работа . На денешниот дневен ред се најдоа четириесеттина точки. По усвојувањето на записникот седницата продолжи со усвојување на завршната сметка на општина Новаци за 2017 година и завршната сметка на училиштето ЦОУ Славко Лумбарковски Новаци, пописната листа за расход и отуѓување на основни средства …

Continue reading »

css.php