«

»

Feb 20

Празникот “C Est La Chandeleur” одбележан со палачинки во ЦОУ “Славко Лумбарковски“ во Новаци

По повод францускиот празник “C Est La Chandeleur” или Сретение Господово кој се празнува на почетокот на месец февруари денеска во ЦОУ „Славко Лумбарковски“ во Новаци се одржа презентација за значењето на овој празник и дегустација на палачинки. Се смета дека во V тиот век папата Геласиј Први го започнал Фестивалот на светлината како свечена парада со свеќи низ улиците на Рим. Герасиј го поврзал овој празник со палачинките делејќи солени палачинки на сиромашните верници . токму затоа палаќнките се едни од наважните работи кои се поврзуваат со овој празник.

„ Оваа работилница како и неколку други кои беа од историски аспект а се одржаа во основното училиште се поддржани од општина Новаци преку проектот „Мир и сеќавање, култура и културно наследство за градење на европски дијалог“ кој општина Новаци заедно со француската општина Коломбел го има аплицирано во Министерство за надворешни работи на Франција. Ова е еден многу ркеативен начин преку игра, забава но и се разбира учење да се запознаат со културата, традицијата и празнувањето на Франција.“ рече Љубе Кузманоки , градоначалник на општина Новаци.

Во рамките на имплементацијата на проектот „Мир и сеќавање, култура и културно наследство за градење на европски дијалог“  се реализираа неколку работилници и тоа :истражување и презентацијаза источниот фронт, квиз  прашања за децата за научените лекции за источниот фронт, историска работилница за Денот Д и Битката за Нормандија, а на почетокот на месец март ќе се организира работилница за Месецот на Франкофонијата.

Меѓународната соработка помеѓу Новаци и Коломбел ќе продолжи понатаму со многубројни активности за 2017 /2018 година.

Станува збор за пагански и латински фестивал на свеќи кој подоцна станал религиозен а одговара на презентацијата на Христос во храмот. Овој празник се одбележува на втори февруари , 40 дена по Божик.Датумот всушност означува дека на овој ден Христос влегол во Храмот во Ерусалим. Пред да стане религиозен празник Сретение Господово имал корења од неколку пагански традиции што ја славеле плодностана земјата и почетокот на крајот на зимата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php