«

»

Feb 16

Советот на општина Новаци ја одржа 6-тата седница

Советниците од Советот на општина Новаци денеска ја одржаа редовната седница за месец февруари, шестта по ред од нивното конституирање.

На денешниот дневен ред имаше околу дваесеттина точки.

По усвојувањето на записникот од претходната седница беше разгледан и усвоен извештајот за извршениот редовен годишен попис во општина Новаци со состојба 31.12.2017 година од изготвен од централната пописна комиисја. Исто така беше разгледан и усвоен и извештајот на комисијата за попис на побарувањата и обврските и паричните средства во благајната на општина Новаци  со состојба 31.12.2017 година.

Советниците ја разгледаа и ја донесоа предлог програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Новаци, донесоа одлуки за вклопување на бесправно изградени објекти во идна планска урбанистичка документација за КО Полог .

Беа разгледани и одобрени и неколку согласности за одредување приоритети и тоа за: Основен проект употреба и одржување реконструкција на тротоари во с.Гермијан и реконструкција на улица во село Градешница како и одлуки за сопствено учество  при аплицирање и реализација на горенаведените проекти. Како друг инсфраструктурен проект кој се разгледуваше на денешната седница за кој беше донесена одлука е и уредување на порој во село Гермијан.

Од страна на советниците беа разгледани и неколку барања за доделување средства за лекување на  физички лица, беше донесена програма за управување со животната срединаво однос на влијанието од енергетскиот сектор во општина Новаци за 2018 година,  одлука за одобрување средства за патување во збратимената општина Дуги рат Хрватска во емсец март како и патување во Дижон Франција заради учество на меѓународна средба организирана во рамките на мрежата Франција- Балкан.

Меѓу последните точки на денешниот дневен ред кои беа разгледани и одобрени беа формирање на комисија, именување на членови во заедничка комиисја за воспоставување на меѓуопштинска соработка со општина Битола, одлука за прифаќање на предлогот за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општините Битола и Новаци и одлуказа одобрување на финансиски средства за плаќање на потрошена електрична енергија за повеќе наменското игралишта во с. Новаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php